1642.- Во Болоња умрел Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа. Роден бил на 4 ноември 1575 година.

1750.- Роден е Антонио Салиери, италијански композитор и диригент. Им бил учител на Бетовен, на Шуберт и на Лист. Компонирал поголем број опери, кантати и хорови. Позната е неговата љубомора кон генијалниот талент на Моцарт, која е особено уметнички изразена во антологискиот филм „Амадеус“. Умрел на 7 мај 1825 година.

Салиери

1812.- Во битката кај Смоленск, Наполеон Бонапарта ја поразил руската царска војска и продолжил да напредува кон Москва.

1896.- Француските колонијални трупи го опколиле Мадагаскар (остров во Африка) прогласувајќи го за своја колонија. Мадагаскар стекнал независност во 1960 година.

Битката кај Смоленск

1903.- Во Крушево е роден Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог и академик. Тој бил еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и странство. Умрел во Скопје, на 7 февруари 1973 година.

Танец на Никола Мартиновски

1908.- Роден е  францускиот државник и правник Едгар Фор, кој како обвинител ја претставувал Франција на судењето на германските воени злосторници во Нирнберг по Втората светска војна. Бил премиер на Франција во 1952, 1955 и 1956 година и неколку пати министер од 1958 до 1969 година.

1943.- На Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, бил формиран Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“.

Формирањето на баталјонот Мирче Ацев

1964.- На спортистите од Јужна Африка им било забрането да учествуваат на Олимписките игри поради политиката на апартхејд во таа земја.

1966.- Започнала злогласната „Културната револуција“ во НР Кина која се смета за најратрограден и злосторнички проект во современата историја на оваа комунистичка земја.

1967.- Матичната комисија на Македонската академија на науките и уметностите ги избрала првите 14 редовни членови на МАНУ: Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Васил Иљоски, Никола Мартиноски, Михаило Апостолски, Михаил Петрушевски, Димитар Митрев, Ѓорѓи Филиповски, Благој Попов, Димитр Арсов, Кирил Миљовски и Петар Серафимов.

1993.- За првпат бил прославен Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август, прогласен со одлука на Владата на Република Македонија од 3 јуни 1993 година.

1998.- Во Скопје умрел д-р Андреа Мишковски, специјалист по општа и пластична хирургија, долгогодишен директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и генерален директор на Хирушките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје. Роден бил  во Куманово, во 1932 година.

2004.- Во Санта Барбара умрел Елмер Бернштајн, американски композитор, добитник на Оскар. Напишал многу познати хитови како што се оние за филмовите „Десетте заповеди“, „Седумтемина величенствени“, „Големото богатство“ и други. Роден бил во 1922 година.

МИА