Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на петтиот осомничен за упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба.