Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.М. (46) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според информациите од полицијата, на 4 март 2026 година, на улицата „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд фокус“, управувано од пријавениот.
При прегледот бил пронајден и одземен кокаин.
За случајот е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка ќе се одвива согласно законските процедури.




