Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на социјалните мрежи се осврна на кандидатурата на Стојанчо Радичевски за градоначалник на Општина Брвеница.

Мицкоски порача дека пред Брвеница стои сериозна обврска – започнатото да продолжи, а општината да остане сплотена и насочена кон прашањата што им се важни на жителите.

Тој посочи дека токму од таа одговорност произлегла одлуката Радичевски да ја преземе кандидатурата.

„Стојанчо или Цоки, како што многумина го знаат, е човек што е постојано присутен овде. Ги познава луѓето и секојдневието на Брвеница“, напиша Мицкоски.

Според него, функцијата градоначалник подразбира секојдневна работа меѓу граѓаните и познавање на нивните потреби.

Мицкоски истакна и дека очекува кампањата да се води без навреди и поделби.

„Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина“, порача тој.