30 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 декември.

Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживеаја длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.