Постојат глупости. Се прават секој ден. Но кај нас глупости веќе не постојат. Тие се заменети со термините СЈО, суд, пресуди, Влада…

Така и денешната пресуда против Мијалков и компанијата за изборни нерегуларности. Ја издејствуваа Аца Лукас, кој на денешниот празник се трансформирал во ликот на Фатиме Фетаи и некој судија Ставрев. Пресуда за изборни нерегуларности. Зошто? Да бидам искрен, веројатно ни тие самите не знаат.

Мијалков и Тачи договарале како ќе гласаат Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Стефановски и Анета Сајковски, екс членови на ДИК. Со тоа што недостига доказот дека последните навистина работеле односно биле поттикнати од првите двајца. Како? Никако. Овие правеле муабет. И им свртеле телфон или кој знае како. Што значи, за да не бидат осудени, членовите на ДИК морале да гласаат спротивно на тоа што мислат Мијалков и Тачи. Никако по свој ум, никако по закон, никако по убедување, никако врз основа на правилата, уште помалку врз основа на фактот дека таму ималло вишок ливче и дека таму навистина биле украдени изборите.

Отприлка, тоа што го мислеле Мијалков и Тачи, можеле на членовите на ДИК да им го кажат сопругите и сопругот, навечер, при муабет како поминал денот. Член сте на ДИК, си правите дома муабет со сопругата, таа ви вели „па кога веќе има вишок ливче, зошто не го поништите гласањето“, така впрочем вели Изборниот законик, вие утре гласате и добивате три или четири години затвор. Но, чекај, тука не завршува приказната. Затвор добивате не само вие, туку и сопругата. Таа ве поттикнала. Можете да побарате искуство и од некој екс член на ДИК, седнувате на кафе, разговарате, и го заглавувате човекот во затвор. Затоа што некој си Ставрев и Аца Лукас, херојот на мизерниот курварлук наречен северномакедонско новинарство, така решиле.

Нема Изборен законик, нема правила на игра, нема ништо. Има башибозук. Влегуваш некому дома и му ја растураш куќата. Претходно за тој некој велиш дека украл пет милијарди и ги сокрил во Дубаи. Сега молчиш. Како Карлеуша по бемка видеото. Ама си си нашол дека типот се договарал со Тачи, вмровскиот војвода. Како ДИК да гласа. И таму се гласало така како што налага законот. Ама грешката е што вмровските војводи разговале за тоа. И ги поттикнале.

Отприлика, за истото можете да го осудите и секој новинар кој смета дека некое гласање може да се поништи. И тој со своето пишување или влијание можеби поттикнал некого да гласа така што гласал. Заеби ти што вели законот. Битен е зборот на Мијалков и војводата на ВМРО. Битен е зборот на сопругата. Битен е зборот на тој со кого можеш да размениш искуства. Битен е некој новинар. И сите тие во затвор. Оти тоа се поклопило со тоа што го мислеле Мијалков и Тачи. Овие што гласале се малолетни, нели? Немаат свој ум. Немаат свој интегритет. Тие не се луѓе. Тие се копчиња. Да? Не баш, ама Аца Лукас дотука разбира. Оти таа и Кацарска се клонирале. Ги има насекаде. Во суд, во Обвинителство, во продавница, на улица, во полиција, во Владата на Муртино, во општините.

Има многумина кои веруваат дека ова е фарса. Дури и да е, тоа веќе не е битно. Ваква глупост едноставно не смееше да испадне од машината за пишување во судот. Ваква глупавост сега може слободно да им се испрати во Брисел и кај сите оние кои го финансираа и поттикнуваа ова дереџе. Мукоски на слобода, честит богат и напреден Северномакедонец, сеедно што Мијалков е на топ листата дека го обезбедил неговиот глас, вмровската Прада си ги расшетува крзната купени откако стана министерка, СЈО и Заев отворено уценуваа за нивниот глас, Рускоска сега може само шеширот да си го закачи на споменикот на Александар Грчки, а овие ги судат за изборни нерегуларности кои немаат врска со живот. Одете убијте се со давење во канализацијата на Вардар.

Но, иако кај нас се е пазар, ова меѓудругото е и пресуда против ВМРО-ДПМНЕ. И на Груевски и на Мицкоски. Ова е „доказ“, судски, дека ВМРО-ДПМНЕ не победил десет пати чисто, туку затоа што крадел на изборите. Оти од ВМРО-ДПМНЕ, тоа на Грујо и Мијалков, друго и не може да се очекува, нели? Ете баш сега пред претседателските избори кога изгледно е дека „Заевизмот“ е ставен на боца со кислород. Но, оваа пресуда вели – видете ги какви се вмровците. Наспроти ангелчињата на Заев. Кутрите тие. Сеедно што ваквата пресуда веројатно ќе биде укината од Апелационен суд, предметот вратен на повторно судење, и ќе се влече додека…, додека кој знае што.

Патем, на референдумот кутиите беа полнети како вреќи за собирање листови. Некој да одговарал за тоа? Јок. Тоа полнење е законски. И уставно. Ебеш Изборниот законик.