На 9 август (нов стил) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година.

Но, бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември стар стил) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешниот ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј).

Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот улченик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивен заеднички празник.