„Пинокио“ е првиот оригинален материјал на култната македонска рок група „Архангел“ објавен по долгогодишна пауза, иако таа веќе беше изведувана во живо, меѓу другото, и на фестивалот „Таксират“ пред две години.

Фронтменот на групата Ристо Вртев е автор на музиката, текстот и на аранжманот на песната, додека во улогата на Пинокио во спотот се појавува неговиот син Иван.