Фејсбук и Гугл ги притискаат корисниците да ги споделат приватните информации нудејќи “инвазивни” и ограничени опции  и покрај новите закони за заштита на податоците на ЕУ, со цел да им дадат на корисниците поголема контрола и избор, се вели во студијата на Норвешката влада.
Норвешкиот Совет за потрошувачи откри дека ажурирањата за приватност на американските технолошки гиганти се судрија со новата генерална регулатива за заштита на податоци (GDPR), која ги принудува компаниите да појаснат какви избори имаат луѓето при споделувањето на приватните информации.

“Овие компании манипулираат со нас да споделуваме информации за нас самите”, рече директорот на дигиталните служби на советот, Фин Мирстад, во својата изјава.
“Ова е во спротивност со очекувањата на потрошувачите и намерата на новата регулатива”, заклучува студијата од 2018 година, насловена како “Измамени од дизајн”.
Мирстад рече дека практиките покажале “недостаток на почит кон своите корисници и го заобиколуваат идејата да им дадат на потрошувачите контрола на нивните лични податоци”.
Носењето на новите закони во ЕУ беше засилен заради неодамнешниот скандал со собирањето податоци од корисниците на Фејсбук од страна на Британското консултантско друштво „Кембриџ Аналитика“ за американските претседателски избори во 2016 година.

Во извештајот е изложено дека Фејсбук и Гугл најмалку ја поставуваат опцијата за приватност како „стандардна“ и заради тоа корисниците ретко ги менуваат претходно избраните поставувања.
Пријателски ориентираните избори кои ги вршат корисниците кон приватноста “бараат повеќе кликови и често се скриени”, се вели во него.
-Во многу случаи, услугите го оневозможуваат фактот дека корисниците имаат многу малку „вистински избор“ и дека сеопфатната размена на податоци е прифатена само со „користење на услугата”, се вели во студијата.
ЕУ го проценува ГДПР (GDPR) како најголемо претресување на прописите за приватност на податоците од оновањето на мрежата.
Фејсбук и Гугл одделно веќе се соочуваат со своите први официјални жалби според новиот закон откако австрискиот активист за заштита на приватноста ги обвини дека ги принудуваат корисниците да дадат согласност за користењето на нивните лични податоци. – АФП