Неколку години не е дел од Вардар, сепак љубовта кон црвено-црниот тим кај него секогаш е на високо ниво. Во последното интервју, Веселин Вујовиќ покрај на другите прашања даде коментар и за шампионската круна во ЛШ на црвено-црните.
Повторно со многу епитети зборуваше за својот поранешен клуб, тој вели:
– Можеме да зборуваме хипотетички. Сепак јас сум фасциниран на тоа што спортот може да приреди. Сега слушаме приказни дека имало играчи кои не зеле плата 3,4, па дури и 21 месец. Да направиш таква хемија и да играш, знаејќи дека е крај, тоа за мене е голема работа, изненадување и секако апсолутно е заслужен успехот. Тоа беше клучот да се спаси ракометот во Македонија. Да не беше освоена таа титула во Лигата на шампионите, кој знае како ќе беше. Сега се појавија нови спонзори, започна да реагира и владата, односно има позитивен одговор на случувањата. Вардар е македонски бренд кој заслужува да биде меѓу најдобрите- вели Вујовиќ.