Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека „повеќе нема да има работа“ со британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна“.
– Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него, напиша Трамп на Твитер.
Тој, во рамки на истата објава, ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добра вест за Велика Британија е што наскоро ќе има нов премиер.