Многу информации денеска се појавија околу недоаѓањето на работа на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од откривањето на аферата „Рекет“ не се појавува на работното место.
Кружеа информации дека нема земено боледување, па има, па дека е лекарска тајна тоа за што го добила боледувањето, а на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека „Катица болна ми паднала“ поради аферата „Рекет“ и притворот на нејзиниот близок пријател Боки 13.
Има и естрадни информации дека наводно пред неколку недели имала хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ бил поставен прстен за намалување на желудникот за да почне да слабее.
Според познавачите на ценовниците на овие хируршки зафати неговата цена се движи од 7.000 до 10.000 евра. А истиот зафат го имал направено и Боки 13, три месеци претходно. Но, оваа интервенција не се поврзува со боледувањето што таа го отворила деновиве.