Организаторите на „Ју Ес Опен“ објавија дека оваа година наградниот фонд на турнирот ќе биде рекорден. Вкупниот износ што ќе го поделат играчите е 57 милиони долари.
Победниците кај мажите и жените ќе заработат 3,85 милиони долари, што е за 50.000 повеќе од минатата година. Тенисерите кои ќе бидат елиминирани од првиот круг ќе освојат 58.000 долари.
Шампионите во парови ќе добијат по 740.000, а двојките, кои нема да ја поминат првата рунда – по 17.000.
Наградниот фонд ќе биде највисок не само во историјата на „Ју Ес Опен“, туку и во споредба со трите други Гренд-слем турнири.
Отвореното првенство на САД во тенис ќе започне на 26-ти август и ќе трае до 8-ми септември