Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е во Скопје, туку веќе една недела е на боледување во родната Гевгелија, каде прима терапија и ѝ е препорачан одмор, објави Слободен печат.
– Докторката која ѝ го напишала боледувањето тоа го сторила на 15 овој месец, односно минатиот понеделник, а ден подоцна Јанева писмено ги известила надлежните служби во обвинителството дека е на боледување. Два дена по отворањето на боледувањето докторката, која го отворила боледувањето, заминала на одмор во Бугарија, пишува весникот.
Јанева падна болна брзо откако беше откриена големата рекетарска афера, поради која беа притворени Боки 13, близок на обвинителката, како и Зоран Кичеец.