Топ тема во медиумите во регионот е националниот срам и револтот кај Македонците од големата брука што на Македонија и ја нанесе Зоран Заев со изјавата дека Македонија крадела историја од соседите и останатите, што ја даде за грчката ТВ Алфа.

Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, направено во Скопје на три дена пред изборите во Грција, говори за договорот со Грција, за јазикот и словенските корени.

Оваа изјава предизвика револт на социјалните мрежи, а граѓаните коментираат дека „за да им се додвори на соседите изјавува дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.