Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем, соопшти СДСМ.

– Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата. Единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски. Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство. Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО се вели во соопштението.

СДСМ натаму тврди дека „во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска“.

– ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи. Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба но од правдата нема да избега. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата и ќе одговара колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, соопштија од Центарот за комуникации на СДСМ: