По „Совршениот странец“ промоција на втората книга на писателката, стенд-ап комичар и водител Ивана Наскова.

Станува збор за роман со исклучително потресна приказна која е лекција дека животот понекогаш не дава втора шанса.

Што кога ќе ја загубиш љубовта на својот живот?
Што кога ќе завршиш во брак без љубов?
Како продолжуваш да бидеш среќен кога животот упорно ти задава тешки удари?

Ова се дел од прашањата кои писателката ги обработува во своето ново дело, чија промоција ќе биде во четврток на 25.07. со почеток од 19:00 часот во Матица – Булеварот на книгите, кои и овојпат застануваат зад книгата како издавачка куќа.

Линк до настанот:
https://www.facebook.com/events/405424386983465/