Младите двојки во Делчево во иднина ќе може бесплатно да се венчаваат во новата сала во градот.
Ваква одлука донесе Советот на општината, па во иднина младите двојки од Делчево ќе може без трошок да склучуваат граѓански брак. Имено, одлуката се однесува на закупот на салата за венчавки за која во иднина нема да се плаќа.
Браковите ќе се склучуваат во новите простории во Спомен-домот АСНОМ, а за користење на салата, заинтересираните граѓани за оваа намена е потребно да доставуваат барања до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот термин за венчавка кој ќе биде доставен до Матичната служба во Делчево.
Ова е поддршка за младите брачни парови, велат од Општината и додаваат дека за потребите на новата сала за венчавање, набавиле нов неопходен инвентар.