Раководството на Барселона е подготвено да се раздели со Филипе Кутињо, но само при добра понуда, вели „Мундо Депортиво“.

Од „Камп Ноу“ бараат 120 милиони евра откако досега платија 135 на Ливерпул за неговите услуги.

Бразилецот дојде во Каталонија во јануари 2018 година за 120 милиони евра плус 40 милиони бонуси (од кои 25 милиони ќе бидат платени поодигрување на 100 натпревари). Платата на Бразилецот е исто така доста висока – 14 милиони насезона.

Барса сметаат дека има неколку клубови кои можат да ја платат бараната сума – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

До моментов нема официјални предлози.