Агенцијата СРНА тврди дека има докази дека форензичарите на УНМИК знаеле за “жолтата куќа”.

Во продолжение следува вториот дел од текстот.

Косовски Албанец, кој бил притворен во базата ОВК во Кукеш, изјавил дека имало три српски цивили кои потоа биле префрлени во Бурел, каде што постоел затвор во Албанија опремен со медицинска клиника.

“Затворот бил користен како команда на ОВК и индикативно е дека блискиот соработник на Хашим Тачи, лекарот Шаип Муљ имал канцеларија на таа локација”, наведува Барајбар…

Според него, во време кога на Србите насилно им биле отстранувани внатрешните органи, во областа престојувал и австралискиот хирург Крег Јуришевиќ, кој со оружје се борел на страната на ОВК и „кој се фалел во австралиските медиуми дека на ранетите Срби им ги пресекувал маките со куршум – многу чудни и коинцидентни околности “.

“Поранешен висок офицер на ОВК, исто така, го потврдил постоењето на нелегални затвори во северна и централна Албанија”, додаде Барајбар.

Тој пишува дека тројца сведоци кои учествувале во транспортот на заробени Срби од Косово во Албанија се изјасниле дека добиле чудна наредба, дека не смеат да ги повредат затворениците, особено не на стомакот или торзото со оружје или кој било тврд предмет.

Двајца сведоци изјавиле дека по испораката на Србите во логорите, тие (Србите) биле прегледувани дали тие имаат модринки, за да се утврди дека не биле физички малтретирани.

“Србите кои биле носени во Албанија биле главно машки цивили на возраст од 25 до 50 години”, наведува Барајбар.

Според него, тројца сведоци опишувале двајца албански лекари, чии имиња ги доставил, кои биле присутни во нелегалните затвори во северна и централна Албанија.

“Двајца сведоци изјавиле дека тие и најмалку еден доктор Арап ги прегледувале затворениците и на другите им издавале наредби. Сведоците тврдат дека лекарите вршеле медицински тестови врз затворениците, но велат дека тие не лично не присуствувале на тоа. Двајца сведоци потврдиле дека затворениците биле подложени на ултразвучни медицински тестови “, појаснува Барајбар.

Двајца сведоци, двајца од тројца од придружбата за транспорт на заробени Срби, го опишале возењето на затворениците од нелегалниот затвор во Кукеш (Бичај) на друга локација во Бурел. Тие детално ја опишале куќата каде што биле одведени затворениците.

“Третиот сведок, висок офицер на ОВК, даде речиси идентични опис на куќата. Еден од придеружбата, кого јас тука ќе го наречеме ” M ”, не наведе прецизно за да ја најдеме таа куќа, која целосно се вклопува во овој опис. Потоа ја фотографиравме инкриминираната куќа и ја покажавме на друг сведок “А”, заедно со десет други слични куќи “, додаде Барајбар.

Тој напишал дека сведокот “А“ ја идентификувал инкриминираната куќа како локација каде испораката на заробените Срби била вршена кон крајот на 1999 година, до крајот на 2000 година.

” M ” и ” А ”, кои ги сретнавме по пат на различни извори, а не се познаваат еден со друг, изјавија дека инкриминираната куќа во близина на Бурел била опремена со медицинска опрема, која била користена за вадење на органи од телата на приведените Срби. “М” изјави дека ова му било потврдено од другите кои биле на таа локација, додека “А” ја опишала главната просторија во куќата и силниот “болнички” мирис, за кој верува дека бил анестетик “, рече Барајбар.

Според него, третиот сведок, поранешен висок офицер на ОВК опишал како таа импровизирана клиника, со користење на медицинска опрема украдена од болниците и клиниките од Косово и Метохија, била основана во централна Албанија, за потоа да се користи за вадење на органи од телата на приведените Срби.

Тројца сведоци изјавиле дека човечки органи биле транспортирани во аеродромот Ринас во близина на Тирана, околу два часа од инкриминираната куќа, а потоа и со авион во Истанбул.

Овие сведоци, исто така, потврдиле дека човечките остатоци биле закопувани зад куќата и на неколку други локации во близина.

“Сите наши сведоци изјавија дека оваа “операција”  ја организирале со среден ранг и високи функционери на ОВК. Сепак, само неколку сведоци се осмелиле да ги именуваат овие службеници кои биле присутни кога затворениците биле собрани на Косово”, пишува Барајбар.

Според него, едно од имињата што се појавило е Исмет Тара од Ораховац.

Тројца сведоци потврдиле дека виделе медицинска евиденција со медицински детали на неколку затвореници. Еден сведок, висок офицер на ОВК, потврди дека овие документи биле клучни во “трговијата со органи” и биле користени за усогласување на “донаторите” со пациентите надвор од земјата.

“Тројца сведоци опишаа како лешевите на Србите биле префрлени од Косово и Метохија во Албанија за да се сокријат докази за убиство на цивили. Еден од овие сведоци лично учествувал во тие акции”, се наведува во извештајот на Смит, кој во овој дел го завршува текстот со “Крај на шифрираната порака”.