Северна Кореја го ослободи рускиот рибарски брод и членовите на екипажот, кои беа притворени на 17 јули, соопшти утринава руската амбасдада во Пјонгјанг.
-Ослободените членови на екипажот се чуствуваат добро, не платија никаква казна, инцидентот заврши, рече еден од нејзините членови, пренесе Тасс
Севернокорејската гранична патрола приведе 17 членови на екипажот, од кои 15 Руси и двајца јужнокорески државјани, додека пловеле кон Јапонско море од јужнокорескиот град Сокчо во лов на ракови.
Според претставници на севернокорејското Министерство за надворешни работи членовите на екипажот биле приведени бидејќи ги „прекршиле прописите за влез и престој во северна Кореја“.