Осомничениот за нападот во калифорнискиот град Гилрој е убиен.
Тоа го потврди локалниот полициски началник Скот Смити.
Три лица загинаа и 15 беа ранети во нападот што се случи во последниот ден од фестивалот на храна.
Смити појасни дека мажот осомничен дека отворил оган врз учесниците на фестивалот бил ликвидиран многу брзо.
-Очевидци укажуваат на уште еден осомничен, но засега не е јасно дали и тој пукал, дополни Смит.