Неактивен вулкан во Велика Британија се продава по цена од 50.000 фунти (околу 55.000 евра). Земјиштето коешто денес е познато како „Поусбери“ се наоѓа во округот Девон, југозападна Англија.
Според компанијата за недвижности, ова е „ретка можност да се стекнете и да бидете горд
сопственик на вулкан“.
Пред околу еден век, местото е користено како каменолом, за градежниот материјал наменет за многу околни зданија во областа.