Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознава ТВ Аласт М, од адвокатот на Морина, Насер Рауфи.
Морина беше уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол. Властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.
Вчера адвокатот Рауфи, за Алсат брифираше дека поднел барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Морина да се брани од слобода.