Сеат Кочан, кој е правосилно обвинет во случајот „Труст“, до СЈО доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор, поради здравствени причини.
„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот 1459/17 од Обвинителството означен како „Труст“, информираме дека до надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање Судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето – информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје.
По добивање на неопходната документација, посочуваат од Кривиниот суд, надлежниот судија дополнително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по него ќе се одлучува или тоа ќе биде отфрлено.