Се укинува мерката притвор за Томор Морина, Основниот кривичен суд – Скопје му определи мерка за претпазливост – привремено одземање на патната исправа и друг документ за преминување на државна граница.
Одлуката, соопштија од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, е донесена по добивање на одлуката на Врховниот суд на РСМ со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Р.Србија, и постапувајќи по предлог на адвокатот на притвореното лице за укинување на мерката притвор.
Морина е поранешен припадник на УЧК.