Како што е навреда за некого тоа на „П“, за многумина е навреда тоа на „С“.

Така твитна денеска македонскиот актер Рубенс Муратовски во врска со навредливиот призвук на зборовите „педер“ и „Северна“, по скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев.

– За некого „педер“ е навреда, за некого „Северна“. Почитувај ги различностите, напиша Муратовски на Твитер.

Ова е реакција на вчерашната изјава на Заев кој рече дека „нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата на која тоја е претседател“.