Корисниците кои употребуваат емотикони во пораките имаат повеќе секс од останатите. Тоа се резултати од две анализи на американски универзитети.
За врската меѓу емотиконите и секс работеле тимови од Институтот Кинси од Универзитетот во Индијана и од Лејк Форест колеџот во Илиноис.
Тие нагласуваат дека лицата кои редовно користат емотикони во пораките имаат почесто сексуална активност од останатите. Анкетирани биле 5.300 Американци (неженети/немажени) на возраст меѓу 18 и 84 години. Триесет отсто од нив користеле емотикони при запознавање.
Во второто анкета – 275 лица на возраст меѓу 18 и 71 година, било констатирано дека оние кои користеле емотикони во пораките имале подобар успех при запознавање на специјални сајтови. Според анализите, оние кои ги користат емотиконите се самоуверени и позабавни. Тоа ги прави поуспешни кај потенцијалниот партнер.