Фудбалерите на Англија ја победија Колумбија по подоброто изведување на пенали, 4: 3 (во регуларниот дел беше 1: 1) и на тој начин ја обезбедија последната „виза” за четврт-финалето на Светското првенство во фудбалот.
Англија водеше со 1: 0 со голот на Хари Кине од пенал на почетокот на второто полувреме, а Колумбија изедначи во последните моменти од натпреварот, по одличниот скок на Џери Мина по корнерот кој го изведе Хуан Квадрадо.
Во продолжетоците, двете екипи играа претпазливо, како да ги чекаат пеналите, а во нив беа подобри, но и посреќни, Англичаните.
По првите две серии, не видовме промашување, а потоа Дејвид Оспина „го прочита” Џордан Хендерсон, а потоа Матијас Урибе ја погоди пречката на другата страна. Потоа видовме уште една грешка, и тоа од Луиз Муриел, а решавачкиот удар прецизно го изведе Ерик Дајер, па големата радост на европската селекција можеше да почне.