Во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кисела Вода целосно се санираат шест тоалети со по три кабини, со што ќе се подобрат условите за децата и вработените во училиштето, каде што во новата учебна година настава ќе посетуваат 636 ученици.

Санитарните јазли ги реновира  Цементарница УСЈЕ а.д. Скопје во соработка со Општина Кисела Вода.

– Вкупно 18 кабини ќе добијат нова санитарна, канализациска, водоводна и електрична инсталација.Ѕидовите на внатрешниот дел од тоалетите се обновуваат со абриб-фасада и на нив се поставуваат нови плочки. Покрај ова, во дел од ходниците на училиштето се поставуваат и лед-светилки, соопшти Општина Кисела Вода.

Увид во работните активности за реновирање денеска извршија градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, Филип Темелковски и Дарио Шимиќ, заедно со Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

МИА