Иако излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да има последици врз европската воена мисија во БиХ, токму од мисијата ЕУФОР уверуваат дека подготвено ќе го дочекаат Брегзит.

„Тврдиот Брегзит ќе има последици по мисијата ЕУФОР и операцијата „Алтеа“. Меѓутоа, ги преземавме сите превентивни мерки да ја оддржиме оперативната ефикасност на ЕУФОР преку подрршката од институциите на ЕУ и државите членки на ЕУ“,за весникот „Независне новине“ наведуваат од ЕУФОР.

Оттаму додаваат дека Обединетото Кралство  е само една од 20-те земји од ЕУ и надвор од неа кои имаат свои сили во мисијата, а сите се во целост посветени на подрршката на ЕУФОР.

Од мисијата додаваат дека во нивните редови повторно се приклучиле војници на Франција и Португалија.

Весникот наведува дека британските војници се наоѓаат во рамки на ЕУФОР како дел од аранжамнот со ЕУ, а со излегувањето од европскиот блок без договор сите спогодби, вклучувајќи ја и оваа, ќе престанат да важат без замена со соодветен аранжман.

За овој проблем веќе е расправано и во британскиот Долен дом, а загриженост постои и во Брисел за тоа како проблемот ќе се реши.

Од Амбасадата на Обединетото Кралство во БиХ за весникот наведуваат дека енергично и одлучно работат за постигнување договор со ЕУ за излез од Унијата пред 31 октомври.