Две лица денес загинаа кога во источниот дел на Австрија се урна мал авион, соопштија официјални лица за вонредни ситуации.
Портпаролот на противпожарната служба, Франц Респергер изјави за австриската агенција АПА дека авионот се урнал во утринските часови на поле покрај пистата на аеродромот Веслау – Котингбрун, јужно од Виена.
Двајца мажи останаа заробени во тешко оштетената пилотска кабина.
Причината за несреќата се уште не е позната.