Во Нант, Франција, синоќа избувнале безредија откако француската полиција застрелала сомнително лице. Подоцна 22-годишното момче починало во болница.

Човекот почнал да бега од полицаецот кој сакал да го провери, а потоа пукал врз неговата кола и го погодил момчето во каротидната артерија. Се наведува дека лицето им било познато на полицајците зашто крадел и растурал дрога.

Во три предградија на Нант почнале безредија веднаш по инцидентот. Млади лица фрлале молотови коктели и палеле коли. Исто така запален е и еден шопинг центар.

Полицијата одговорила со солзавец и гасни гранати. Ноќта, како што пренесуваат медиумите, можеле да се слушнат експлозии.

Демонстрантите изјавиле дека младичот е убиен без притоа полицаецот да испука предупредувачки истрел.

Состојбата се смирила околу 03 часот изутрината. Нема информации за повредени лица во безредијата, а нема информаци и дали има приведени учесници во насилните протести. Полициски извори за Ле монд изјавиле дека немало ниту едно уапсено лице.