Турција почна преговори со Русија за купување борбени авиони СУ-35, јавија некои руски медиуми.

– Сепак, тоа може да биде само привремено решение за земјата, изјави Исмаил Демир, шеф на секретаријатот за одбранбена индустрија во земјата.

– Су-35 за нас може да биде само привремено решение. Ние сме на самиот почеток на преговарачкиот процес со Русија. Треба да водиме долги преговори за партнерство во оваа област и на други теми, изјави Демир за телевизијата Ахабер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека Турција разговара со Русија за купување воени авиони „Сухој“. Тој рече дека надлежните министерства на двете земји почнале со преговори по демонстрацијата на авионите Су-57 на аеромитингот МАКС 2019 во Русија.

– Ако Америка продолжи да се однесува како до сега, ние ќе се погрижиме за себе. Така што ќе избереме меѓу Су-35 или Ф-35, Су-57 или нешто друго, истакна Ердоган.