Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните делови.

Утринсакта температура ќе се движи од 10 до 19 степени,  а дневната температура ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната темпеатура до 331степени

В четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.