Лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, изјави денеска дека Сојузот за Србија (СзС), чиј председавач е тој, заеднички прогласиле бојкот на изборите.
-Од денеска за нас е апсолутно неприфатливо учеството на било какви избори, изјави Обрадовиќ на прес конференција.
Тој оцени дека власта нема покажано подготвеност изборите да бидат фер и чесни, а партиите членки на СзС остануваат верни на Договорот со народот, од протестите „1 од 5 милиони“.
-Потполно сум убеден дека и останатите колеги од опозицијата, како и Движењето на слободни граѓани (ПСГ), дека ќе прогласат бојкот на изборите, порача Обрадовиќ.
Претседателот на ПСГ, Сергеј Трифуновиќ, кои не се членки на СзС, изјави денеска дека ќе прогласи бојкот на изборите на 19 септември, доколку не дојде до потпишување на обврзувачки договор за изборните услови со актуелната власт.
Одлука за бојкотот на пролетните избори во Србија, најпрво донесе Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, потоа движењето Двери на Бошко Обрадовиќ, потоа и Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас и партијата Заедно за Србија (ЗзС) на градоначалникот на Шабац, Небојша Зеленовиќ.
Од останатите партии од коалицијата СзС, во саботата одлука за бојкот донесe најголемата српска опозициона партија Демократската странка (ДС) на Зоран Лутовац, по што на конститутивната седница на Обединетата Демократска странка, со Социјал демократската странка (СДС) на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и со партијата Заедно за Србија (ЗзС) тие ја потврдија одлуката за бојкот.
Бојкот најави и иницијативата „Да не го давиме Белград“, како и организаторите на протестите „1 од 5 милиони“, а се очекува тоа да го стори и Нова Странка (НОВА) на поранешниот премиер Зоран Живковиќ.