Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази разочарување од поразот на Вест Хем (0:2) во шестото коло од првенството во Англија.
Според Норвежанецот, овој натпревар би можел да го добие и неговиот тим.
– Многу сум разочаран. Ваквите порази се секогаш фрустрирачки. Тоа беше натпревар што можевме да го победиме. Сите сме потиснати. Во клучните моменти, сè се сврте против нас. Ривалот успеа во нив, а ние немавме квалитети да ги искористиме. Ако не искоритите шанси во Премиер лигата, нема да добиете ниту еден бод. Таа реалност мора да биде прифатена. Разочаран сум што не победивме. Но, секогаш говорев дека ќе има подеми и падови. Мора да го чекаме следниот меч, изјави Солскјер.
Манчестер јунајтед по 6.коло во Премиер лигата е 8-ми со само осум од можни 18 бода.