За креирање на реален и одржлив буџет, лоцирање на приоритетите и правилно нивно буџетирање, учествувам на Конференција за одржлив развој на општините, во Дизелдорф, објави денеска на Твитер градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
Тој вели дека секогаш во Германија нешто научува што е применливо кај нас, се мисли во Република Македонија:
– Од Германија секогаш се враќам со позитивни примери кои можат да се применат и кај нас, напиша Богоев.