Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени Рихтерови, кој го погоди источниот дел на Пакистан.

– Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени, соопшти Сардар Гулфарез, заменикот на главниот инспектор на пакистанскиот град Мирпура, кој е близу епицентарот на потресот.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот бил на 23 километри северно од градот Џелум, на релативно плитка длабочина од 10 километри.

Пред неколку дена, серија земјотреси ја погоди Албанија, а најсилниот изнеусваше 5,8 степени. Седумдестеина лица пријавиле дека се повредени.