Зоран Заев, како дел од своите активности, оствари средба со премиерот на Белгија и иден претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, низ разговорот на средбата потврдија дека Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во остварувањето на реформските процеси дома, како и во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ, преку одличната соработка со европските институции.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев го запозна белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Белгискиот премиер Мишел ги поздрави досегашните успеси на Македонија во процесот на остварување на европските интеграции и изрази надеж дека иницијативноста во таа насока ќе продолжи и во наредната фаза на преговори.