Атлетико Мадрид официјално поднесе жалба за исклучувањето на нивниот фудбалер Алваро Мората, и сега им останува да чекаат дали жалбата ќе биде прифатена или одбиена.

Ако се прифати, и биде избришан едниот од двата жолти картони кои ги доби напаѓачот за кошкање со противнички играчи на мечот со Мајорка, тогаш Мората ќе може да настапи в сабота вечер на градското дерби против Реал Мадрид.

Доколу дисциплинската комисија ја одбие жалбата, и црвениот картон остане на сила, Мората нема да може да игра против неговиот поранешен клуб, па Томас Лемар најверојатно ќе добие шанса во почетниот состав на „јорганџиите“.