Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Сенегалецот Ел Хаџи Диуф, ја користи секоја прилика во своите изјави да го „чепне“ својот некогашен клуб, за кој од 2002 до 2005 година одигра 80 меча и даде шест гола.

Диуф често го критикуваше тогашниот капитен и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард, со кого играа заедно, и затоа не е омилен на „Енфилд“.

„Не гледам како Ливерпул би направил подобар резултат од тој во минатата сезона. Имаа шанса да освојат титула во Премиерлигата, го држеа трофејот во раце, но дозволија да им се лизне. На Нова година имаа седум бода предност. Уште се чудам како Сити стана првак. Ливерпул имаше само еден пораз во текот на сезоната, и не стана шампион. Не можам да си замислам дека ќе го повторат тој број на освоени бодови, и дека ќе освојат титула“ – изјави Диуф.