Почитувани припадници на бошњачката заедница во Република Македонија,
Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, среќа, радост и бериќет.
Бошњачката заедница преставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество.
Бошњачката заедница, традиција и култура во Република Македонија се длабоко вкоренети во нашето општество и даваат придонес во процесот на негување и зацврстување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристика за нашата држава.
Бошњачката заедница давала и дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина.
Бошњаците денес како и сите граѓани на Република Маледонија ја живеат тешката реалност, исполнета со корупција, криминал, несигурност и беспарица. Тоа мора да се смени, и заеднички да ја градиме обновата за која мораме да се избориме.
Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во Република Македонија и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.
Искрено, на сите припадници на бошњачката заедница им посакувам добро расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.
Нека Ви е честит 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците!
Христијан Мицкоски,
претседател на ВМРО-ДПМНЕ