Шест лица загинаа, а четворица се повредени во тајфунот Митаг кој ја погоди Јужна Кореја, соопштија властите.
Митаг е 18-ти тајфун што донесе многу обилни дождови во јужните делови на земјата оваа година.
Официјални лица изјавија дека најмногу жртви имало во куќите што биле разурнати, додека неколку се удавиле во поројните води.
Пријавено е дека повеќе од 100 домови се целосно поплавени и 1.500 луѓе се евакуирани од нивните домови. Повеќе од 44.000 домаќинства останаа без електрична енергија.