Пол Погба поради обновена повреда на скочниот зглоб, нема да може да игра уште барем три недели.
Ова е лоша вест за Манчестер јунајтед, а лоша вест и за сите љубители на фудбалот од балканските простори кои планираат на 24 октомври да отпатуваат во Белград за да го гледаат Јунајтед на дуелот со Партизан од Лига Европа.
Од клубот од Манчестер потврдија дека нивната ѕвезда нема да се појави на средбата со Њукасл и на двата репрезентативни меча, но после изјавата на селекторот на светските шампиони, лесно може да се случи Погба да не игра ниту на гостувањето кај Партизан, кој исто како и „црвените ѓаволи“, има 4 бода после две кола.