Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски продолжува да ги подобрува историските достигнувања во германскиот фудбал. Со голот против Хофенхајм (пораз од 1-2), полскиот репрезентативец се најде на четвртото место во вечната листа на стрелци во Бундеслигата.

Левандовски веќе има 213 гола на своја сметка и е на исто ниво со поранешниот германски репрезентативец Манфред Бургсмулер.

Полјакот, кој досега има постигнато 11 гола на седум кола од почетокот на сезоната во Германија, би можел да се искачи на третото место во пласманот и да го надмине Јуп Хајнкес, кој има 220 погодоци.

Лидер во пласманот е легендата Герд Милер со 365 гола, а по него следи Клаус Фишер со 268.