Многу родители смислуваат разни начини да им кажат на своите деца дека ќе добијат брат или сестра. Тие не се сигурни дали постарите деца ќе разберат што значи тоа, а најмногу стравуваат за какви емоции ќе се појават кај нив.
Едно дете радосната вест го расплака, а интернет-корисниците споделија фотографија од неговата реакција која ги воодушеви.
„Предупредување против иселување. Мора да се иселите до 19-ти октомври затоа што тогаш ќе се всели нов станар. Мама и тато “, напишаа родителите на лист хартија и ја залепија на креветчето на Барли со ултразвучна фотографија.
Фотографијата досега доби над 160.000 лајкови.