Трнерот на Вардар, Давид Писонеро по сноќешниот убедлив пораз од Кил на домашен терен во Лигата на Шампионите (20:31) изјави дека досега никогаш не видел некој тим да постигне до полувремето само 4 гола.
По првиот дел, „црвено-црните“ губеа со 4-16 но во вториот успеаја да се вратат во игра и да одиграат далеку подобро.
– Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш не сум видел полувреме со четири гола. Првото полувреме беше ужасно. Во вториот дел игравме далеку подобро, но не не успеавме да направиме ништо повеќе поради првото полувреме. Горд сум на играчите што најдоа сили да се вратат во игра. Се обидовме да притискаме, но тешко е да се браниш против тим како Кил. Публиката беше фантастична и остана со нас до самиот крај и покрај болниот резултат. Атмосферата беше неверојатна, па им благодарам на навивачите, вели изјави тренерот по мечот.
Тој додаде дека тимот мора да се држи заедно и да продолжи со победа во следниот натпревар.
– Ова е само еден пораз, додаде Шпанецот.