Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето ТВ Алфа ТВ дебатираше со Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт.
Тој објави скандал за фамилијата на Каевски, односно како нивната семејна фирма, Гео Каевски добива тендери од општина Кисела Вода и општина Велес.
„Во вашето CV стои дека како млад економист ја започнувате кариерата во 2012 во геодетско друштво, претпоставуваме дека е геодетското Гео Каевски. Истото геодетско друштво кое што верувам дека е на вашите родители, добива тендери општина Кисела Вода, каде што градоначалникот важи за ваш близок пријател“, истакна Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ каде дебатираше со Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, објави скандал за фамилијата на Каевски, односно како нивната семејна фирма, Гео Каевски добива тендери од Општина Кисела Вода и Општина Велес.
Во документот што тој го прикажа посочи дека фирмата на Каевски добила 2 милиони денари од Кисела Вода, додека пак фирмата од 2017 до 2018 има пораст од неверојатни 317 отсто.
„Ми кажувате дека работите на повисок стандард за младите. Дали ова не е лицемерно? Во 2017 година Водовод и канализација, Агенција за планирање на простор општина Велес, Агенција за катастар општина Кисела Вода, општина Велес. 17 јануари 2018 година, 10 јули 2018 година, 26 септември 2018 година…, истакна Арсовски.