Поминавме тежок период од 12 години. Битката за да ја вратиме заробената држава и да направиме слободна и демократска држава која ќе нуди еднакви можности за сите не е завршена, туку само ја почнавме. На 27 април ние како пратеници бевме подготвени и животот да го дадеме за слободата и иднината на оваа наша држава. Нема да дозволиме да се врати режимот, не смееме да го дозволиме тоа, порача вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на трибината во рамките на караванот на отворени граѓански трибини под мотото  ,,На прав пат”, во Кавадрци.

Тој потсети на изминатиот период кога се водеше, како што рече, битка против режимот. Напомена неколку крупни проекти кои значат обнова и просперитет. Ги спомена укинатата радиодифузна такса, зголемување на социјална помош,  здравството, повраток на данок за ддв и намалување на сива економија. Говореше за правдата, како важен сегмент во животот како и за борбата против криминалот и корупцијата.

– Се одлучивме да чекориме напред и направивме се да ги решиме отоврените прашања со нашите соседи и да пружиме пријателска рака, рече Спасовски.

Заменик премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев говореше за економијата во минатото и придобивките во изминатите 2.5 години. Тој потсети на проблемите во Фени кои беа наследени и спасот на комбинатот и резултатите кои значат исплатени долгови и продолжување со работа. За Кавадарци рече дека е земјоделски но и индустриски град.

Тој се осврна на поголемиот број инвестиции, 54 илјади вработени луѓе, најголем дел во реалната економија, наместо државата да биде најголем работодавач како порано. Потсети на зголемување на просечна нето плата, растот на инвестициите на компаниите како резултат на стабилноста и безбедноста кои ги гарантира НАТО како придобивка на оваа Влада и желбата да се биде конкурентен.

Анѓушев нагласи дека нема подобри две ипол години функционирање од овие што изминаа. Се осврна и на измените во образованието кои исто така водат кон подобра економија. Повика да нема враќање назад и побара поддршка за нови успеси во економијата.

Членот  на Централниот одбор на СДСМ, Трајан Димковски направи паралела на периодот претходно и во изминатите 2.5 години. Се осврна на заробената економија и  сомнителното субвенционирање со злоупотреби, наспроти  зголемените реални субвенции и воведените контролни механизми. Рече дека нема селективен пристап, а има јавно и транспарентно работење. Потсети на исплатените стари долгови за продадено грозје во 2014, 2015 и 2016 година, интервентните мерки.

Сите тројца побараа поддршка за 12 април.